Кога пред две недели најавив дека ние сме “зрели” за бројка на заразени, на дневна основа, меѓу 500 и 1000 лица, многумина доаѓаа и велеа дека е тоа лажна вест бидејќи вирусот не постои. Такви ќе има и сега, но реално бројот на граѓани во државата кои се свесни дека бројките со вирусот се загрижувачки е се поголем од ден на ден.

Се поголеми се и бројките. Денес има вкупно 535 заразени. Вкупно се направени 2445 тестирања од што произлегува дека односот меѓу тестирани и позитивни е некаде околу 22 отсто. Тоа е највисок процент од почетокот на пандемијата, но и апсолутната бројка од 535 заразени е убедливо највисоката од почетокот на корана вирусната пандемија во Македонија.

Во Скопје има 277 заразени или тоа е некаде околу 52 отсто од вкупниот број на позитивни. По Скопје следува Струмица со 30 заразани, Прилеп 26, Гевгелија 24 и Штип со 22 позитивни. Тоа се градовите каде вчера беа измерени најголем број на позитивни случаи.

Во истиот период се оздравени 168 пациенти, односно на еден оздравен доаѓаат скоро три новозаразени пациенти. Починати се шест лица.

Полека но сигурно бројките стануваат алармантни, а здравствените власти се потешко се справуваат со пандемијата.