Во бугарската историска комисија, која денес и утре ќе престојува во Скопје, има историчари кои се и понатаму соработници на бугарските тајни служби. Ова за емисијата Во Центар, која ќе се емитува вечерва, во 22 часот на yotube каналот Vasko Eftov, го изјави историчарот Стефан Влахов Мицов.

Според Мицов Бугарите и денес тешко се откажуваат од своите стари навики преку бугарските служби да ги контролираат историчарите кои се бават со таканареченото македонско прашање. Познавам барем неколку историчари кои се членови на бугарската комисија, а кои и понатаму сортаботуваат со бугарските служби, вели Мицов.

Инаку двете комисии се формирани од македонскопто и бугарското Министерство за надворешни работи со задача да најдат заедничко решение за историските личности кои се национално спорни за двете историографии.

Мицов смета дека бугарското Министерство за надворешни работи инсистирало во македонската комисија да не се најде неговото и името на историчарот Стојко Стојков. Мицов и Стојков се родени во Бугарија. Мицов во градот Габрово во Централна Бугарија, многу поблиски до границата со Романија отколку до границата со Македонија, а Стојков е од Пиринска Македонија, од градот Сандански.

Според Мицов, ако тој и Стојков биле вклучени во македонската комисија тоа би бил голем пораз за Бугарија бидејќи би се докажало дека во Бугарија има македонско малцинство. А ако има македонско малцинство, вели Мицов, тогаш е апсурдно да се преговара за националната припадност на историските личности кои се бореле за македонската слобода.

Но, бугарската страна не пропушти таков пенал, вели Мицов. И во бугарската комисија е вклучен историчар кој има потекло од Охрид што одговара на стремежите на бугарската санстефанска идеа дека Бугарија се протега од Црното Море до Охрид. И дека Охридската Архиепископија е бугарска црковна рожба вели тој.

Целата анализа може да ја погледнете на следниот линк: