Рускиот претседател Владимир Путин ја откажа најавената присета во Србија, пренесуваат српските медиуми.

Кремљ не откри зошто Путин се откажа од најавеното доаѓање, „но на Русите сигурно не им е по воља неодамнешното приближување на Србија со американските позиции“.

Путин нема да дојде во Србија, иако тоа се најавуваше со месеци. Неговото доаѓање беше закажано за 20 октомври, кога се слави Денот на ослободувањето на Белград. Во тој период, тој требаше да присуствува на церемонијата на осветување на Храмот Свети Сава. Сепак, тој скоро сигурно нема да биде таму тој ден, пишува весникот „Данас“ повикувајќи се на извори од Српската православна црква.

Руската амбасада во Белград соопшти дека немаат информации дека нивниот претседател ќе биде во главниот град на Србија во октомври, иако за ова се зборуваше подолго време.

Путин потврди дека доаѓа во Србија во октомври. Ќе биде тоа вечиченствен настан, кога ќе го отвориме Храмот Свети Сава. Тоа ќе бидат и денови кои ќе ја потврдат заедничката борба на српскиот и рускиот народ во Втората светска војна – објави Вучиќ пред неколку недели.