Денес, ерменското студио „Барс“ ги објави снимките и деталите за големата заседа што армијата на Нагорно Карабах ја спроведе против азербејџанските сили, пренесуваат Новости.

Видеото ги покажува резултатите од смртоносната заседа што Ерменците им ја подготвија на Азербејџанците на 1 октомври, за време на офанзивата врз Карабах.

Командантот на ерменската единица што ја спроведе акцијата рече дека повеќе од 60 азербејџански војници биле убиени кога локални извиднички и артилериски единици ги нападнале и покосиле од смртоносна далечина.

Заседата траеше само неколку минути.

За време на акцијата, ерменските сили заробија двајца азербејџански војници, кои потврдија дека сириските џихадисти и турските разузнавачи им пружале поддршка во нападите врз Карабах, пишува студиото Барс.

Воените операции во Нагорно Карабах досега однесоа животи на стотици азербејџански војници, додека силите лојални на Баку имаа ограничен успех на теренот.