Прадедото на Мартин Протугер, генералот Александар Протогеров учествува во спасувањето на бугарскиот цар Фердинад Први на крајот од Првата Светска војна. Ова во вчерашната емисија Во Центар го изјави македонскиот историчар Стефан Влахов Мицов.

Генерал Протогеров, кој е роден во Охрид 1867 година, крајот на Првата Светска војна го дочекува како командант на градот Софија.

Бугарија на чело со Фердинанд Први го дочекува крајот на Првата Светска Војна како поразена страна и држава. По губењето на балканскиот и македонскиот фронт незадоволните бугарски војници тргнуваат кон Софија.

Според Мицов, на десет километри пред влезот во Софија се случува таканареченото Владејско востание ( по градот Владеја кое е еден вид на предградие на Софија ). Како командант на градот Софија, генералот Протогеров ги поразува побунетите делови на бугарската војска кои се кренале на востание против бугарската држава и царот Фердинанд.

Фердинанд на крајот од 1918 година сепак абдицираше од престолот и на негово место како цар на Бугарија е избран неговиот син Борис Трети кој во бугарската историја е познат како Цар обединител кој успеал да ја прошири Бугарија во границите на Санстефанска Бугарија.

Бугарите и денес влегувањето на Борис Трети и на бугарската армија во Македонија не сакаат да го третираат како окупација туку како ослободување на Македонија.

Според Мицов, генералот Протогеров е еден од четирите лидери на историското ВМРО, во периодот од 1919 до 1934 година.

Целата емисија Во Центар можете да ја погледате на следниот линк: