Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне 19 степени, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје.

И во останатиот дел од Македонија времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а дневната од 17 до 24 степени.

Од сабота следува период на стабилно време, освен в недела во западните делови каде е можен слаб локален дожд. Ноќите ќе бидат студени, а дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа ќе расте.