Рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров откри зошто ја одбрал вакцината против коронавирусот заснована на хумани аденовируси, а не на аденовируси на мајмуни.

Во интервју за „Блумберг“, Мантуров рече дека ја примил руската вакцина „Спутник V“ пред крајот на испитувањето во фазата број 3, бидејќи нема штетни ефекти, освен благи симптоми.

Повеќе го ценам човечкиот аденовирус. Овој метод е добро познат и формулата е достапна, така што сите експерти можат да добијат јасна слика за тоа како функционира вакцината и кои се нејзините придобивки. Нема штетни ефекти, освен, можеби, благи симптоми во текот на првите неколку дена. „Имав треска навечер, можеби неколку часа, а следниот ден лесна главоболка, рече Мантуров.

Според него, тој бил вакциниран затоа што сметал дека тоа е негова одговорност бидејќи тој бил задолжен за производство на вакцините. Мантуров истакна дека вакцината му помогнала да се заштити себе си и оние со кои работи, затоа што во работата тој се среќава со многу луѓе.

Министерот додаде дека неговиот син и 84-годишната мајка исто така примиле вакцина „Спутник V”.

Вакцината, развиена од Институтот Гамалеј и која им овозможува на поединците да развијат имунитет против ковид-19 до две години, се базира на аденовирус, вирус што може да предизвика настинки. Научниците најпрво го модифицираат, претворајќи го во аденовирусен вектор кој е безопасен и не може да се размножува во човечкото тело. После тоа, тие го инјектираат геномот SARS-CoV-2 во аденовирусниот вектор.

Вакцината Спутник V е уникатна бидејќи се базира на два серотипови на човечки аденовирус – број 5 (Ad5) и број 26 (Ad26) – што му дава јасна предност во однос на пристапот со еден вектор што го користат други производители. „Спутник V“ се состои од две инјекции кои се примаат во интервал од три недели.