„Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите од шестта година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19. Многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза. Нивниот придонес е многу значаен, им посакувам успешна работа, објави министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи. “

Студентите од шестта година по општа медицина активно се вклучуваат во поддршка на своите колеги во борбата против ковид-19. Вчера едногласно рекоа дека сакаат и можат да помогнат во периодот кој следува. Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците. Во наредните шест месеци, на секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје. Со ова, тие ќе им помогнат на здравствените работници кои го носат најголемиот товар во оваа криза. Идните лекари, освен што ќе стекнат искуство, ќе ја реализираат и клиничката пракса по јавно здравје која ја извршуваат во шестата година од студиите и истата ќе им биде признаена, објави министерот.

Се надеваме дека студентите, идни лекари, нема да бидат заборавени од државата после завршувањето на пандемијата и кризата предизвикана од корона вирусот.