Лоши вести за Ливерпул, Вирџил ван Дајк ги скинал предните вкрстени лигаменти, повреда поради која ќе биде седум до осум месеци во аут со што практично е завршена сезоната за него.
По еден остар старт на Пикфорд, Ван Дајк предвреме го заврши денешниот натпревар против Евертон, а вестите кои пристигнуваат не може да бидат полоши за навивачите на Ливерпул.
Според „Беин“, Ван Дајк ги скинал предните вкрстени лигаменти и ќе биде надвор од теренот седум до осум месеци, тоа би значело крај на сезоната за дефанзивецот.
Наскоро овие вести треба да бидат и официјално потврдени од таборот на Ливерпул.
Ван Дајк е еден од најважните играчи на Ливерпул и без него ќе му биде исклучително тешко на Јирген Клоп во продолжение од сезоната.