Словенија ќе воведе полициски час, почнувајќи од вторник за периодот од 21 часор до 06 часот, најави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Во сила стапува и забранара за собирање на повеќе од шест лица, наместо досегашните десет, пренесува СТА.

Хојс додаде дека забраната за движење меѓу регионите сè уште важи, со одредени исклучоци.

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 537 случаи на вирус, односно 20,4 проценти од испитаните, па затоа владата донесе одлука за нови мерки.