Во вчерашната емисија Во Центар, лидерот на Македонски концепт потврди дека имале интензивни преговори со инфектологот Вело Марковски тој да биде нивни носител на изборната листа во втората или во третата изборна единица.

Да, преговаравме со Вело Марковски, изјави Петар Богојески првиот човек на Македонски концепт и на крај поради некои причини не успеавме да се договориме.

Тоа ја потврдува веста објавена на порталот Во Центар. Тогаш Вело Марковски тоа го демантираше, но сега следува демант на тоа што Вело го демантираше. Што ќе рече дека многу често Вело е демантиран во јавноста за тоа да биде случајно!?

На 23 септември ние објавивме:

Вело Марковски е во роднинско-кумовски врски со Љубчо Георгиевски, преку својата поранешна сопруга Џулистана Марковска. Вело беше член на партијата на Љубе Бошковски, Обединети за Македонија и што е најинтересно Вело преговарал со Македонски Концепт на Петар Богојески да биде носител на нивната листа на овие избори во втората избора единица!?

Ние го контактиравме Вело Марковски со прашање дали преговарал со Македонски Концепт и неговиот одговор беше-тоа не е точно. Но на нашите следни прашања не сакаше да одговори.

Очигледно е дека на Христијан Мицкоски му гори под нозете поради изборите за градоначалник во Штип и се обидува на секој можен начин да победи на тие избори. Затоа е направен трансферот на Вело Марковски кој е професор на Универзитетот во Штип.

Инаку познати се стратегиите со кои двете големи партии ќе одат на изборите за градоначалник на Штип закажани за 13 декември.

На анкетите во овој момент води кардиохирургот Сашко Николов, актуелен пратеник од СДСМ, со 24 отсто на поддршка од граѓаните, а поранешниот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Илчо Захариев има околу 20 отсто рејтинг. Потоа следува уште еден кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кој е протежиран од сегашното раководство на партијата, но тој не ја поминува границата од десет отсто.