Болниците забрзано се полнат, изјави вечерва Министерот за здравство Венко Филипче. Нема слободни болнички кревети на инфективните одделенија во Куманово, Штип и Струмица, а почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар.

Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај инфективната клиника. Филипче рече дека болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако се оцени дека овие капацитети кои се треба да бидат резерва, се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме полициски час, рече Филипче.