Жељко Ражнатовиќ Аркан беше контроверзна личност, а најголема слава ја стекна во 90-тите години на минатиот век.

Од водач на навивачите, преку основач на Српската доброволна гарда до еден од највлијателните луѓе од тоа време, неговиот живот беше исполнет со бројни интриги.

Денес, некои од нив ги открива Војин Ражнатовиќ, синот на Аркан од првиот брак, во ексклузивната исповед за српските медиуми.

Аркан, како што тврди, никогаш не сакал да направи тестамент и секогаш велел дека не сака да си прави малер на тој начин. Сепак, по неговата смрт, се појави тестаментот, но тој немаше потпис на Ражнатовиќ, туку само печат.

Во тој тестамент имаше реченица што Аркан наводно ја изговорил, а тоа е дека тој ги обезбеди мајка ми, брат ми, сестра ми и мене со тоа што ќе ни купи стан, но на две нивоа“, рече Војин, потсетувајќи дека тоа се всушност неговите зборови што ја смирија Цеца.

Во периодот по убиството на неговиот татко, Војин отишол во Америка да студира и истакна дека тоа го спасило, бидејќи тие живееле во Грција, не му било дозволено да се врати во Србија.

Земунскиот клан ни се закани дека нема да се вратиме затоа што така Цеца се договори со нив. Дури и му се заканија на нашиот адвокат, жената беше трауматизирана”, заклучи Војин.