Вечерва после 13 години Лацио повторно ќе игра во Лигата на шампионите, па по тој повод овој клуб се потсети на минатото кога овој клуб беше дел од најсилното европско натпреварување.

УЕФА ги објави најдобрите голови на Лацио во ЛШ, а еден од нив е дело на македонскиот капитен Горан Пандев. Станува збор за голот против Реал Мадрид кога со волеј ја погоди мрежата на Касиљас.