Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени нови 1024 заболени со ковид 19 што е рекорден број на новозаболени во земјата од почетокот на пандемијата.
Во последното деноночие биле тестирани 4406 лица.
Денешната бројка на новозаразени е за 629 случаи поголема во однос на вчерашните бројки, пренесе БТА.
Најголем број од новозаболените се во Софија 292. Од последниот пресек починале уште 18 лица.
Бугарија е соочена со недостаток од медицински лица, бидејќи во земјата во моментов заболени со корона се дури 1622 доктори.
Од почетокот на пандемијата до денес во Бугарија се регистрирани 30527 заболени, а починале 1008 лица.