Еден од најважните британски научници Патрик Валанс верува дека коронавирусот ќе стане трајно заболување слично на грип доколку вакцината не е ефикасна.

Неколку потенцијални вакцини се во завршна фаза на тестирање, но Валанс верува дека ниту една од нив нема да може да го искорени вирусот.

Тој потсети дека развојот на вакцината просечно трае десет години досега, и дека една вакцина никогаш не е направена за помалку од пет години. Тој претпоставува дека вакцината нема да биде достапна за голем број луѓе до пролетта идната година.

Инаку, вакцината против Ковид-19 од страна на американската биотехнолошка компанија Модерна може да биде подготвена за итна употреба уште во декември, доколку компанијата добие позитивни привремени резултати во ноември по големото клиничко испитување.

Иако се шпекулираше дека вакцината треба да биде готова на почетокот на ноември, што беше голема надеж на претседателот Доналд Трамп, Стефан Бансел, извршниот директор на компанијата на конференцијата во живо на Волстрит журнал изјави дека ќе биде потребно подолго време за да се добијат доволно привремени резултати. Владиното одобрување за вакцината може да се случи на почетокот на следната година, потврди тој.

Модерна, со седиште во Кембриџ, Масачусетс, развива една од водечките вакцини против Ковида-19. Нејзините конкуренти остануваат Фајзер и БиоНТеч СЕ, додека испитувањата на Џонсон & Џонсон и АстраЗанека беа запрени поради необјаснети несакани ефекти кај испитаниците.