Саиф ел Ислам Гадафи е единствениот кој може да ја извади Либија од хаосот, изјави Ахмед Гадафи ел Дам, братучед на поранешниот либиски лидер Моамер ел Гадафи.

Ахмед Гадафи ел Дам зборуваше за синот на поранешниот либиски лидер, но и за разговорите за иднината на Либија што се планираат во Тунис, овој пат под покровителство на ООН.

Гадафи ел Дам, кој беше близок соработник на Моамер ел Гадафи, вели дека ваквите разговори не можат да ги решат проблемите во Либија, бидејќи нивното решение може да се најде само во рамките на земјата.

На такви преговори не се застапени 70 отсто од Либијците, додека некои што учествуваат всушност треба да бидат во затвор. Сè што се случи во либискиот конфликт од 2011 година, е постојан обид да се вовлече Либија во уште поголем хаос и да се подели земјата. „Постигнати се понижувачки договори со разни земји кои порано не се плашеа да и се приближуваат на Либија, но сега сакаат да влезат во неа и да доминираат во Африка, рече тој.

Тој тврди дека Саиф ал-Ислам Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер, ќе учествува на претседателските избори.

Саиф ал-Ислам во моментов е единствениот кандидат кој може да понуди реален план за излез од хаосот и е подготвен да ја предводи земјата во таа насока. Сигурен сум дека повеќето Либијци ќе ја поддржат неговата кандидатура. Верувам дека секој граѓанин знае што навистина се случува во политичката арена на Либија, додаде Гадаф ел Дам.

Тој наведува дека ќе побара од американските власти да ја испитаат улогата на Хилари Клинтон во Либија по нејзините мејлови кои „протекоа“ во јавноста, но и да ја испитаат законитоста на резолуциите на ООН за Либија, кои, како што вели, биле донесени под американско влијание.

Подготвуваме тужба против Хилари Клинтон пред американското судство. Јасно е дека правниот процес нема да ги врати мртвите или нормалното функционирање на државата. Ние само сакаме сите да знаат како тие се однесуваа кон нашата земја на циничен начин и дека НАТО и Советот за безбедност на ООН беа вклучени во тоа убиство. Тој исто така побара извинување и компензација за она што се случи во 2011 година, сите документи беа објавени, нема што да се сокрие, светот има право да ја знае вистината, вели ел Дам, алудирајќи на убиството на Моамер ел Гадафи, кој беше ликвидиран во 2011 година.