Танцовите потези на Доналд Трамп, кои тој,  во последно време, ги демонстрира на своите митинзи во изборната трка, ги запалија социјалните мрежи.

Кога се појави видеото на кое американскиот претседател танцува на сцената, или барем се обидува да го стори тоа, не требаше долго за неговото необично движење да се претвори во предизвик на Тик-Ток.

Корисниците ја преплавија оваа не многу омилена кинеска социјална мрежа со своите верзии на чудниот танц и се обидоа да ги копираат уникатните движења на Трамп, а на снимките додадоа разни музички позадини, што ја прави целата работа уште позабавна.

Патем речено, на собирот каде што беше направена таа снимка, кога Доналд Трамп танцува со песна на Y.M.C.A од групата Village People, но наместо вообичаената кореографија во која со телото се изведуваат буквите од насловот на песната, Трамп на познстиот диско хит му даде своја кореографија.