Полска, Словачка и Чешка повторно забележаа рекорден број случаи на коронавирус, полските власти предупредија за пренатрупаност во здравствениот систем.

Бројот на случаи со коронавирус во Полска е двојно зголемен за помалку од три недели. Со рекордни 10.040 случаи, Полска премина 200.000 заразени во последните 24 часа, а на 4 октомври имаа нешто над 100.000 заразени. Уште 130 лица починаа, така што вкупниот број на починати е 3851.

Долниот дом на полскиот парламент одржува вонреден состанок за да разговара за предложениот закон на владејачката партија Право и Правда, чија цел е деблокада на преоптоварен здравствен систем.

Владиниот советник за ковид-19 Анджеј Хорбан рече дека 10.000 случаи на ден се горната граница на која може да ја издржи здравствениот систем.

Кавид пациенти во болниците зафатиле 9.439 кревети, а 757 се на апарати за дишење, соопшти Министерството за здравство.

Чешка во последните 24 часа забележа рекордни 11.984 случаи. Други 106 лица починаа во земја со 10,7 милиони жители, според податоците на Министерството за здравство во средата.

Чешкиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Јан Хамачек има позитивен тест за коронавирус, потврди тој за Ројтерс во средата. Хамачек (41) е шеф на Социјалдемократската партија, партнер во владејачката коалиција и исто така шеф на кризниот штаб во пандемијата со коронавирус.

Словачка во вторникот забележа 2.202 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на епидемијата во земјата, објави во средата Министерството за здравство.

Во земја со 5,5 милиони жители вкупно се заразени 33.602 лица, а починаа 98 лица.