Откако пандемијата на коронавирусот ќе заврши, Македонија ја чека одлив на медицински сестри.

Тие би заминале во регионот, но и во Европа, онаму каде ваквиот кадар е дефицитарен. Германија, Швајцарија, Шведска се земја каде и досега заминуваа медицинските сестри од нашата земја. Дел од нив веќе се снашле во клиниките низ Европа и сега имаат простор да помогнат за ангажирање на нивни роднини или колешки.

Од Унијата на медицински сестри велат дека по завршување на пандемијата Македонија ќе ја напуштат младите и стручни кадри.

Бараат оние медицински сестри кои се со договор на дело да добијат трајно вработување, и да помагаат во ковид центрите, но за тоа да бидат соодветно стимулирани со вонреден коефициент затоа што сега работат во вонредни услови. Оттаму наведуваат дека оние сестри кои беа заразени со вирусот, за нив треба да има мерки за рехабилитација.

Во Македонија има околу 7.500 медицински сестри, а Бешлиовска вели дека би требало таа бројка да биде 15.000 според бројот на населението, што значи дека во старт имаме дефицит.

Во годините кои доаѓаат и глобално медицинските сестри ќе бидат дефицитарни, за што алармираше и СЗО.