Откако во реалното шоу Задруга, јавно и се закани на Станија Добројевиќ дека ќе ја „убие“, Кристијан Голубовиќ денеска беше сослушан пред Основниот суд во Рума.

Имено, Основното обвинителство во Рума го повика Голубовиќ да сведочи за заканите, кои тој и ги испрати на старлетата Станија Добројевиќ на телевизија. Во придружба на обезбедувањето, со маска на лицето, Кристијан дојде на суд.

Според извештаите на медиумите во Србија, Обвинителството разгледува и два други контроверзни настани што се случиле во реалното шоу Задруга.

Кристијан Голубовиќ продолжи да раскажува случувања од неговиот бурен и криминален живот во Задруга. За еден и пол месец, жестокото момче се пофали дека тој го создал Земунскиот клан, дека имал секс со 19 жени истовремено, а вчера рече дека убил девет лица во затвор!

Завршив во затвор во Патра, Грција, во февруари 1996 година. Бев осуден на четири и пол години затвор. Со мене имаше седум Срби, осум Македонци, двајца Бугари, еден Хрват и еден Босанец. Другите осуденици ги малтретирале. Тие шепотеа во агонија! Тогаш дојде кралот! За да ги бранам, добив 100 ножеви за четири и пол години, убив девет лица, а не добив ниту ден затвор – рече Голубовиќ и продолжи да ги забавува милиони гледачи на мега-популарното реално шоу.

Кристијан се пофали дека е најголема “фаца” во затворот.

Бев апсолутен император, започнав револуција. Јас го заштитив мојот тим! Тие научија од мене како да прават ножеви и да ги кријат, како да се бранат, да се борат. Тоа е системот Че Гевара! – рече Кристијан, кој ја спореди затворската „правда“ со реалното шоу Задруга!