Насмеани лица , кафе дружба и кафе муабет е денешната слика за онлајн наставата . Колку децата се фокусирани на овој тип на настава ќе покажат резлутатите , но факт е дека Македонија не е спремна на овој тип на едуцирање .

Европските земји во кој што овој тип веќе им е навика , односно претходно се имаат сретнато со ваков тип се сосема друга приказна во споредба со нашата земја.

Голем број на ученици ја слушаат онлајн наставата во друштво на нивните другарчиња и не посветуваат големо влијание на дневната учебна програма .

50 проценти од наставниците кој што предаваат се на возраст над 50 години , па така се намалува шансата дека тие можат да дадат 100 проценти од себе на ваква настава . Многу од нив прв пат се сретнале со некаква си програма преку која што треба да работат, па тешко ги совладуваат функциите кој што ги нуди самата програма.

Родителската грижа, ученичката совест или изгубената навика за учење е најверојатно една од главните причини за ова . Надлежните најверојатно се запознати со овој проблем ,но како и секогаш кај нас се прикриваат проблемите и се фалат минијатурните предности .

Како Македонија ќе се справи со овој тип на онлајн настава останува да се види. Факт е дека учениците го имаат изгубено ритамот за учење поради тоа што скоро 9 месеци немаат слушано настава во нормални услови. Нормални ги нарекуваме , иако и тоа е голем збор за нашето образование .