Довчерашниот член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, поранешниот кошаркарски репреџзентативец, Дејан Јовановски, побара организирање Вонреден Конгрес на партијата на кој ќе се утврди довербата на Претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Резултатите на овогодинешните парламентарни избори предизвикаа (не)очекуван развој на околностите во рамките на ВМРО ДПМНЕ, од утврдување на грешките пред и за време на изборната кампања до преземањето на одговорноста за изборниот пораз, вели Јовановски.

Според Јовановски, неминовно беше појава на незадоволство и негативна атмосфера па оттука натаму единствениот можен правец води кон реорганизирање и внатрешни промени со цел формирање на нова стратегија и нов состав на партиските органи во понатамошната политичка битка.

Најпрво беше сменет Извршниот Комитет како политичко-извршен партиски орган, а на истата седница на Централниот комитет оставка даде генералниот секретар и се избра нов, додава Јовановски.

Според него комплетниот процес треба да заврши со вонреден конгрес на кој ќе се отврди довербата на претседателопт на партијата.

Различни групи и членови на партијата, вели Јовановски, не се согласуваат со сегашната реконструкција и поставуваат одредени барања и предлози за понатамошно функционирање кои се сведуваат на промена на системот на избор на партиски функционери и барање за вонреден конгрес на кој би се утврдила довербата кон претседателот на партијата.

Инаку, Јовановски беше избран да биде член на последниот Извршен Комитет кога Никола Груиевски беше Претседател на ВМРО ДПМНЕ, а тоа е летото 2017 година, а по изборот на Мицкоски, во јануари 2018 година стана член и на Извршниот комитет кој го формираше новиот лидер.

Сега Јовановски бара свикување вонреден конгрес на кој би се расправало за доверба на Мицкоски.