Рејнџ Ровер Евок ја освои главната награда на првото издание на Изборот за најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“.

Финалистите беа поделени во пет категории, а се избираше меѓу 16 автомобили. Со 13.000 гласови на официјалната страна на „Златно тркало“  беа одбрани пет победници. Изборот е инициран од најстариот автомобилски медиум Авто Плус, а во него во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат Авто Плус, CARclub, Cars by Vik и RPM.

Рејнџ Ровер Евок ја освои главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија за 2020 година ја освои со 35,79 проценти од гласовите. Плакетата ја предаде главниот уредник на Авто Плус, Виктор Кошевалиски, а наградата ја прими Љупчо Георгиевски, бренд менаџер на „Јагуар Ленд Ровер“.

Останатите четири категории во кои беа доделени награди се Најпосакуван електрифициран автомобил, Најпосакуван бизнис автомобил, Најпосакуван семеен автомобил и Најпосакуван градски автомобил .

– „Златно Тркало“ претставува нов уникатен начин за избор на најпосакуваниот автомобил кај нас преку гласање на целата јавност во земјата која има пристап до интернет и социјалните мрежи. Целиот избор започна минатата годината, по што се формира гласање во месец февруари, по што беа прогласени најпосакуваните автомобили во повеќе категории, како и главната награда за Најпосакуван автомобил на годината, соопштуваат организаторите на настанот.

Гласањето годинава се одвиваше на официјалната страна на „Златно Тркало“, каде беа поставени сите модели поделени по категории, а покрај секој модел има линк до членовите на Изборот кои водат до објава, вест или видео за возилото, од медиумот.

Гласањето на централната веб страна на „Златно Тркало“ започна на 15 февруари и траеше до крајот на месецот и сите имаа можност да дадат глас за својот фаворит во сите пет категории. Победниците беа објавени на 1 март, а наградите беа доделени синоќа.