Шест недели откако стана првата западноевропска земја што забележа 500.000 случаи на инфекција со коронавирус, Шпанија денес премина еден милион заразени, пишува Гардијан.

До вчера се регистрирани 1.005.295 случаи на инфекција со коронавирус во оваа земја.  Минатата недела починаа 575 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 34.366.

Шпанија во моментов размислува за полициски час, а во земјата се траат политички расправи кои се закануваат да ги загрозат досега направените напори за време на вториот бран.

Во регионот на Мадрид, кој бележи скоро една третина од бројот на сите заразени во Шпанија, на ниво на централната и регионалната влада, постојат спорови околу мерките што треба да се преземат.  Претседателката на регионот Изабел Дијаз Ајусо вети денеска „хируршки мерки што ќе ги поврзат здравството и економијата“.

Најважно за нас е економијата повеќе да не страда, рече таа.

Медицинското списание „Лансет“ ги опиша шпанските мерки како „неоптимален одговор“ на кризата, додавајќи дека здравствениот систем на земјата претходно беше ослабен од економската криза во 2008 година и беше недоволно оспособен со персонал, опрема и пред распад. 

Строгиот карантин што доведе до израмнување на кривата во првиот бран беше напуштена прерано во обид да се опорави економијата.  Покрај тоа, тестирањето и системот за следење се покажаа како несоодветни, особено во Мадрид.

Покрај епидемијата, Шпанија ја тресе и политичката криза.  Истиот ден кога Шпанија ја надмина границата од еден милион заразени, шпанскиот конгрес започна расправа за иницијативата за недоверба поднесена против коалициската влада предводена од социјалистите, од страна на крајно десничарската партија Вокс.