Денес во Софија се одржа најавената средба на поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Минатата недела, во своето интервју за Телевизија Алсат М, Георгиевски го најави свое одење во Бугарија и во Софија, со задача да помогне во откочувањето на историските преговори меѓу Скопје и Софија кои полека влегуваат во слепа улица.

Во таа прилика Георгиевски изјави дека Софија не ги цени доволно напорите што ги прават Стево Пендаровски и Зоран Заев.


Јас никогаш кога сум бил премиер не сум кажал дека Гоце Делчев е заеднички јунак на Македонија и Бугарија, затоа што тогаш ќе ме растргнеле во македонската јавност, рече тој.

Денес на својот фејсбук профил. Екатерина Захариева напиша: Јас и мојата екипа денес имавме плодна средба со нашиот пријател од Република Македонија и нејзиниот премиер (1998-2002) Љубчо Георгиевски.


Минатата недела напишавме дека Заев со задоцнување од 20 години како да ја спроведува политиката на Љубчо Георгиевски од 1999 до 2002 година. Нишки договор со СПЦ за решавање на црковното прашање. Договор со Грција за име Горна Македонија. И договор со владата на Иван Костов во Бугарија.

Затоа не треба да чуди фактот, ако во договор со Заев, Љубчо Георгиевски дојде во специјална мисија во Софија.

Ниту Захариева нити Георгиевски не ја коментираа денешната средба. Ќе видиме дали Љубчо успеал да ја шармира својата домаќинка кога тоа досега не им успеа на Никола Димитров и Бујар Османи!?