Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги посети завршните работи за уредување на Храмот Свети Сава во друштво на Српскиот патријарх Иринеј.

Вичиќ им се обрати на граѓаните на Србија со видео порака од Храмот, не криејќи го својот ентузијазам за убавината на мозаиците и сцените во храмот Свети Сава.

Јас сум во Храмот, за прв пат откако сите скелиња беа отстранети, заедно со Неговата Светост Патријархот. Само сакам да кажам за сите луѓе во Србија и ширум светот дека нашиот Храм изгледа подобро од големата и величествена Аја Софија и дека тоа ќе биде Аја Софија.

Постојат над 50 милиони мозаични коцки, 320 тони мозаици. И изгледа толку убаво, што, како што рече српскиот патријарх, зборовите недостасуваат! И мило ми е што сите граѓани на Србија и сите Срби, каде и да живеат, наскоро ќе можат да дојдат во Храмот и да видат што успеавме да направиме, генерациите наши предци, а ние заедно со нив, заклучи Вучиќ.

Нашиот храм е навистина најубавиот во светот. Да живее Србија, напиша српскиот претседател Вучиќ со фотографии од обиколката во Храмот на Инстаграм профилот „Иднината на Србија АВ“.