Околу 22 отсто од направените тестови се позитивни на ковид-19. Во последните 24 часа има 518 новозаразени.

Како што објави министерот за здравство тестирани биле 2367 лица. Односно соодност меѓу бројот на тестирани и бројот на позитиви изнесува 21,88 отсто.

Во истиот период имаме девет починати лица, а 200 се оздравени во текот на вчерашниот ден. За жал починати се девет лица.

За прв пат по неколку дена, денес не порасна бриот на заразени лица и таа бројка падна под границата од 600 заразени.

Од почетокот на пандемијата вкупно се дијагностицирани 25991 лица, вкупно оздравени се 18247, вкупно починати 883, а се уште активни случаи се 6861 лице.

По градови состојбата е следна:

-Скопје 261
– Куманово 13
– Штип 19
– Прилеп 21
– Тетово 30
– Струга 5
– Велес 13
– Битола 21
– Охрид 15
– Кавадарци 11
– Гостивар 10
– Гевгелија 11
– Струмица 23
– Крива Паланка 4
– Радовиш 6
– Кочани 11
– Пробиштип 6
– Берово 2
– Валандово 3
– Виница 2
– Делчево 3
– Свети Николе 8
– Кичево 13
– Ресен 6
– Неготино 1

Починати се 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од:
– Скопје 112
– Куманово 2
– Штип 7
– Прилеп 5
– Тетово 8
– Струга 1
– Велес 2
– Битола 9
– Охрид 3
– Гостивар 8
– Гевгелија 3
– Струмица 10
– Радовиш 5
– Кочани 8
– Берово 3
– Валандово 4
– Свети Николе 4
– Кичево 3
– Ресен 3