Во Франција во последните 24 часа со вирусот корона се заразени 41.622 лица, што е за 15.000 повеќе од претходниот ден, објави вечерва Институтот за јавно здравје.

Франција се приближува до бројката од еден милион заразени (999.043). Во таа земја 165 лица починаа во последните 24 часа, а 34.210 од почетокот на епидемијата.

Францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека полицискиот час ќе се прошири на уште 38 департмани, почнувајќи од денес и ќе опфати вкупно 46 милиони луѓе или две третини од населението.

Кастекс предупреди дека предвидува построги мерки доколку епидемијата на коронавирус не биде ставена под контрола.

Неколку земји, вклучително и Ирска, неодамна одлучија повторно да воведат карантин кај населението поради повторното ширење на вирусот корона.