Франција евидентирани нови 41.622 позитивни лица на ковид-19  во изминатите 24 часа, што е за 15.000 повеќе од претходниот ден, соопшти вечерва Институтот за јавно здравје.

Земјата се доближува до бројката од еден милион заразени (999.043) додека во изминатото деноноќие се пријавени 165 смртни случаи или вкупно 34.210 од почеток на епидемијата.

Францускиот премиер Жан Кастекс денеска изјави дека полицискиот час од сабота ќе се прошири на уште 38 региони и со мерката ќе бидат опфатени вкупно 46 милиони луѓе или две третини од населението.