Што славиме и зошто се слави 23 октомври? Тоа е тема на вечерашната анализа во емисијата Во Центар.

Нема бугарски политичар, нема бугарски историчар кој не го напаѓа славењето на 11 октомври, или славењето на 2 август. Сакаат заедно да го славиме 2 август, исто како и 24 мај, денот на словенската писменост или денот на светите браќа Кирил и Методиј. Не сакаат да го славиме 11 октомври и би биле најсреќни ако од сите историски учебници и од нашите души и глави биде избришано сеќавањето на 11 октомври.

Но ниту еден бугарски историчар или бугарски политичар не кажал ниту збор за славењето на 11 октомври. Дури не сакаат ниту заеднички да го славиме 23 октомври? Зошто? Одговорите ќе ги најдете ако ја погледнете анализата на амисијата Во Центар.

Денес Бугарија се соочува со длабока криза на својата политика во однос на македонското прашање и Република Македонија. Влезени се во тешка дупка од која тешко можат да излезат. Не можат да им помогнат ни сто багери. Затоа и Бојко Борисов и Красимир Каракачанов и нивните партии се плашат дали ќе останат власт по следните избори во март идната година.

Знаете која партија има најголем поодем во Бугарија? Партијата на шоуменот и комедијантот Слави Трифонов. Партијата на Слави има четири пати поголем рејтинг од партијата на Каракачанов. И би било добро тој да ја формира следната бугарска влада, бидејќи има ли нешто поприродно една комедијантска политика која Бугарија ја води кон Македонија да биде водена од влада на чие чело би бил бугарски шоумен или комедијант.

23 октомври е дел од македонската историја и тој ден не смее да биде третиран како ексклузивен ден од партиската историја на ВМРО ДПМНЕ. Затоа тој ден не доби таква тежина кај македонскиот народ бидејќи беше непотребно дел од еден процес на наново пишување на македонската историја од страна на Никола Груевски. Таа стратегија на Груевски скапо ја и ќе ја чини Македонија. Како што скапо не чинат политиките на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ изминатите 30 години.

На тоа мора да се стави крај. Ние мораме да имаме државна политика и државна историја а не партиска вистина која ќе им ја продавате на своите партиски членови.

Што ако еден ден во некои идни преговори за нова македонска влада некој Али Ахмети или сличен на него побара да се слави денот на револуционеното движење на албанското малцинство? Или што ако со одлука на Собранието се слави денот кога е сменето името во Северна Македонија. Тогаш ќе ги славиме Ванчо Михајлов кој се борел за бугарска Македонија и Крсто Муковски кој се борел заз Северна Македонија!?

Македонија треба да направи се да не влезе во таа сива зона на историјата.

Целата политичка анализа може да ја погледнете на следниот линк: