Дали МАНУ се буди од зимскиот сон во кој се наоѓа или во кој спие веќе подолго време? По последните 15 до 20 години од врвна институција која беше еден од стожерите на македонската државност МАНУ беше претворена во само во бледа копија на институциујата на чие чело биле великите генерал Михајло Апостолски и Блаже Конески.

За жал МАНУ стана институција која и слугува на власта, а не да биде институција која ја креира стратегијата каде во наредните 50 или сто години ќе се движи државата. Во еден временски период на чело на МАНУ беа татковците на македонската приватизација, академиците Владо Камбовски и Таки Фити.

Два настани ја скршија МАНУ на мали и атомизирани парчиња. Прво беше проектот за размена на територии меѓу Македонија и Албанија во време на конфликтот во 2001 година. Тоа го чинеше оставка тогашниот прв човек на МАНУ, Георги Ефремов.

И вториот настан е поврзан со енциклопедијата на МАНУ. По силни протести водени од групацијата Сорос и партијата ДУИ енциклопедијата беше повлечена и беше ставена во бункер. Тоа значеше пуштање низ вода на академикот Блаже Ристовски кој долги години беше еден од симболите на моќна и интелектуалната сила на МАНУ.

Сега се чини дека почнуваат да дуваат нови ветришта. Дали тие ќе прераснат во бура или ќе останат да бидат пријатен пролетен ветар ќе видиме!?

Според нашите неофицијални информации новиот Претседател на МАНУ, Љупчо Коцарев планира две крупни активности.

Прво, после долго време и барање од јавноста МАНУ да отвори дебата за Преспанскиот договор склучен меѓу Македонија и Грција. Според нашите информации МАНУ сака да направи детална анализа на штетните одредби од тој договор. Ќе видиме дали Коцарев ќе има сила да ја истурка таа своја идеа.

И второ, Коцарев им се поверил на своите соработници дека планира од бункер да ја извади енциклопедијата на МАНУ или како се нарекуваше енциклопедијата на Блаже Ристовски. Според извори во МАНУ, Коцарев бил на ставот дека оваа не е времето на Сталин и некои неподобни книги да се чуваат во бункер. Затоа тој ќе сака енциклопедијата да биде извадена од бункер и да станеме едно зрело демократско општество во кое не се забрануваат книги и енциклопедии врз база на етнички, политичи или сорос протести.

Ќе видиме колку Коцарев ќе има сила да ги реализира овие свои ставови. Ако успеа во тоа ќе го врати сјајот на МАНУ и ќе наиде на огромни симпатии во македонската јавност.