Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис доцна синоќа објави дека ќе биде воведен полицискиот час во периодот од 30 минути по полноќ до пет часот наутро во регионите кои се сериозно погодени од вирусот корона, како и задолжително носење маски на отворено.

Мицотакис ги објави новите мерки во телевизиско обраќање, пренесува Катимерини.

Се воведува ноќен полициски час во областите кои припаѓаат на нивоата со ризик три и четири, како што се Атина, Солун, Јанина, Закинтос и други жаришта.

Новите мерки стапуваат на сила од денес во 18 часот.

Грчките здравствени власти денес регистрираа 882 нови случаи на коронавирус, како и 15 нови смртни случаи.