Времето кога САД и Русија одлучуваа за најважните светски прашања е минато, рече рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Кина и Германија одат кон статус на суперсила.

На состанокот на Валдаи Клубот, кој го нарекуваат руска верзија на Билдерберг, Путин сугерираше дека ослабува моќта на Соединетите држави, како и на Велика Британија и Франција, и дека Пекинг и Берлин, во однос на политичката и економската тежина, стануваат суперсили.

Ако Вашингтон не е подготвен да разговара за глобалните прашања со Москва, Русија ќе разговара за тоа со други земји, рече Путин во видео врска.

Пред претседателските избори во САД на 3 ноември, тој рече дека се надева дека новата администрација ќе биде за дијалог за безбедност и контрола на оружјето.

Вашингтон минатата недела го отфрли предлогот на Русија за продолжување на последната спогодба, со која се ограничуваа американскиот и рускиот нуклеарен арсенал, за една година.

Светот нема иднина без систем за контрола на оружјето, предупреди Путин, но додаде дека безбедноста на Русија нема да страда без договор.

Тој исто така ги повика Соединетите држави да и помогнат на Русија да се постигне решение во конфликтот во Нагорно Карабах, за кој Путин рече дека се убиени околу 5.000 луѓе.

Има многу жртви, повеќе од 2.000 од секоја страна, рече Путин.