Турција може да ги испрати своите војници во Карабах, ако Азербејџан го побара тоа, рече турскиот потпретседател Фуат Октај во интервју за Си-Ен-Ен Турк.

Уште првиот ден, нашиот претседател го соопшти својот став. Турција нема да се двоуми, а уште помалку ќе се двоуми нашиот претседател нема – рече Октај.

Според него, Русија не може да го реши конфликтот во Карабах.

Русија се обиде да најде решение (кризата во Карабах) и влезе во преговорите, потсетувајќи на старите врски од времето на СССР. Сепак, тие не успеаја. Фактот дека Турција не беше на маса е голем пропуст. (Претседателот на Азербејџан Илхам) Алиев рече дека не може да има решение без Турција – рече Октај.

Потпретседателот истакна дека Русија е една од земјите со кои Турција успеа да изгради „најздрави и најсилни односи во позадината на хаосот што се случува во светот“.

Разговараме со Русија преку сите канали. Имаме добри контакти – рече тој.