Земјите треба да имаат на располагање широк спектар на вакцини, а меѓу нив, секако, треба да биде и руската вакцина „Спутник V“, која ја докажа својата безбедност и ефикасност, изјави потпретседателот на Меѓународната академија на медицински науки, професорот Надеј Хакин.

Тој за јужноамериканскиот портал Ај-си-ен го изнесе својот став за првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Ги разгледав податоците кои се презентирани за вакцината против корона вирусот, Спутник V, а истите беа објавени во едно од водечките меѓународни медицински списанија, Лансет. Очигледно е дека резултатите од клиничките испитувања на оваа вакцина ја докажаа нејзината ефикасност. Што е најважно за секоја вакцина? Најважно е да де докаже дека е таа е безбедна и ефикасна, рече тој.

Фактот дека постои ваков заклучок за вакцината Спутник V и дека се користи докажана платформа, заснована на вектори на човечки аденовирус и подобрена програма за вакцинација, која се базира на два различни аденовируси, ја прави уште поимпресивна таа оценка.

Ја посетив Русија и ја видов со свои очи исклучителната работа што таа земја ја постигна во областа на науката и медицината. Јас дефинитивно би сакал да видам соработка помеѓу многу земји и производители, бидејќи, за да бидеме успешни во борбата против ковид-19, потребни ни се заеднички напори, посочува тој. Земете ги Русија и Велика Британија како пример.

Јас лично сум видел како печатот дава коментари или претпоставки кои не беа добро осмислени и, за жал, честопати им завидуваа, би рекол, на успехот на другите земји во развојот на вакцините.

Двете земји постигнаа значителен напредок во испитувањето на првата и втората фаза.

Со сигурност знам дека испитувањата на вакцината Оксфорд беа суспендирани неколку пати поради сомневање за несакани ефекти. 10.000 волонтери од Велика Британија се поканети, како што веројатно сте слушнале, да учествуваат во главното испитување на третата фаза од вакцината за корона.

Мое мислење е дека, се надевам, до март 2021 година ќе се вратиме во нормален живот, но сепак верувам дека вакцината ќе биде многу корисна и се надевам дека ќе биде достапна за секого. Генерално, многу ме смирува фактот дека вакцината „Спутник V“ ќе биде присутна на јужноамериканскиот континент, заклучува експертот.