Жителите на скопско Козле вчера утро се разбудија во населба затрупана со ѓубре.

Контејнерите не се испразнети веќе неколку дена, па ѓубрето е расфрлано.

Читателка на КУРИР која излегла да го прошета своето куче ни ги испрати фотографиите со коментар:

„Среде епидемија, зарем треба некоја друга зараза да добиеме од што е толку валкано и смрдливо? Козле се гуши во ѓубре. Децата ни дишат неподнослива миризба. Како да не е доволно што дишат загаден воздух, сега уште нов извор на зарази ни требаше“.