„Би-Би-Си“ прнесува дека граѓаните на САД гласале лично и преку пошта, како и дека бројката од 53 милиони е веќе далеку поголема од вкупниот број предвремени гласови на претходните избори во 2016 година.

Најголем број на предвремени гласови се евидентирани во Тексас, повеќе од 6,3 милиони, следи Калифорнија со 5,8 милиони а на трето место е Флорида со 4,7 милиони предвремени гласови евидентирани до денес.

Денешната бројка од над 53 милиони пристигнати гласови е веќе за 37 отсто поголема од вкупниот број предвремени гласови на претседателските избори во 2016 година.