Републиканскиот кандидат и актуелен претседател на САД Доналд Трамп на предизборниот митинг го повика вирусот корона „да не гласа”. Тој, меѓу другото, објави дека по 4 ноември граѓаните на Соединетите Американски Држави повеќе нема да слушаат за вирусот ковид-19.

“Ковид, ковид, ковид, ковид. Инаку, по 4 ноември веќе нема да слушате за тоа”, рече Трамп на предизборен митинг во Северна Каролина

Потоа ја „повика“ короната да не оди на гласање.

“Ковид, ковид, те молам, немој да одиш и да гласаш ковиде. Те молам, во никој случај не оди на гласање”, рече Трамп.

Да потсетиме, претседателот на САД исто така се зарази со вирусот корона. Тој беше сместен во болницата Валтер Рид и доби специјална терапија, која вклучуваше лек што е достапен и кај нас – ремдесивир.