Се огласи американскиот стратешки аналитички центар РАНД.

Американскиот ловец од петтата генерација Ф-35 е главното оружје со кое е можно да и се даде отпор на Русија во случај на воен конфликт во Европа, беше објавено од американскиот стратешки аналитички центар РАНД.

Како што се наведува, надмоќта на НАТО ќе се заснова на тоа, бидејќи Алијансата планира да добие стотици од овие авиони во 2020 година.

Според тврдењата на американскиот аналитички центар, ловецот Ф-35 е во можност да го пробие рускиот систем за противвоздушна одбрана и да добие предност во првите часови од конфликтот.

Инаку, американскиот авион Ф-35 е ловец-бомбардер од петта генерација кој е во арсеналот на многу западни земји, а развојот на овој авион досега ја чинеше Америка 1,5 билиони долари.

И покрај тоа, според американските медиуми, во ноември минатата година Пентагон имал големи проблеми во сервисирањето на овие авиони, бидејќи немал доволно резервни делови на залиха за да ги одржува.