Во последните 24 часа се направени 1901 тестирање, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19.

Најмногу има во Скопје 271, а потоа следуваат:

Куманово 29, Дебар 2, Штип 19, Прилеп 33, Тетово 26, Струга 3, Велес 20, Битола 17, Охрид 11, Кавадарци 18, Гостивар 10, Гевгелија 15, Струмица 32, Крива Паланка 3, Радовиш 2, Крушево 1, Кочани 12, Пробиштип 4, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Берово 8, Виница 1, Делчево 1, Кратово 3, Свети Николе 5, Кичево 6, Ресен 2, Неготино 4.

Вкупно починати се 22 заразени со ковид-19. Најмладиот е на возраст од 35 години.

Во Скопје има седум починати, еден во Куманово, двајца во Дебар, еден во Прилеп, еден во Струга, по двајца во Велес, Битола, Гостивар и Крива Паланка и по еден од Кочани и Делчево.

Соодносот меѓу тестирани и заразени е 28,9 отсто што е највисоко ниво од почетокот на пандемијата.

Исто така во недела досега секогаш имало помали бројки. Сега и во недела бројот на заразени и починати е многу голем.

Дали ни следуваат најтешките неколку недели од почетокот на пандемијата!?