Франција објави нов рекорд од 45.422 нови случаи со коронавирус во последните 24 часа во саботата, откако во петокот беа регистрирани 42.032 заразени.

Податоците на Министерството за здравство покажаа дека 138 лица починале од зараза со коронавирус во последните 24 часа, поради што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 34.645 лица.

Вкупниот број на пријавени случаи досега се искачи на 1.086.497, откако во петокот земјата го премина прагот на еден милион заразени.

Министерството, исто така, истакна дека 16 проценти од сите направени тестови биле позитивни, што е двојно повеќе од пред еден месец.