Хрватска постави нов неславен рекорд – последните бројки говорат за нови 2.421 случаи на инфекција со коронавирус за 24 часа, додека осум лица починаа.

Хрватска соборува негативни рекорди од ден во ден. Така, од вчерашните 2.242 нови случаи, тој број денес се зголеми на 2.421 позитивни лица, а само во Загреб откриени се 976 позитивни случаи во последните 24 часа.

Бројот на умрените е преполовен во споредба со вчерашниот ден, од 16 на осум, но сепак е голем, објавија хрватските медиуми.

Во моментов во болница во Хрватска има 825 пациенти, додека 58 се на апарати за дишење. Денес во Хрватска има вкупно 11.144 активни случаи.

Досега, од почетокот на епидемијата, во Хрватска се евидентирани 36.380 лица заразени со вирусот корона, од кои 437 починале.

Поради големиот број нови случаи, хрватскиот кризен штаб најави дека денеска ќе донесе одлука за нови мерки.