Со Вице Заев немаме заеднички бизниси, вели Митко Јанчев во емисијата Во Центар. Таа фотографија која се врти по социјалните мрежи, каде сум јас на иста маса со Вице Заев и неговите пријатели е настаната сосема случајно, вели тој. Тој ден јас станав Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и со Вице Заев случајно бевме во ист хотел во Банско. Ги почастив една пијачка и таа фотографија потоа беше објавена на фејсбук. Од таму се сите приказни. Тоа е 2018 година или еден месец по конгресот во Валандово кога Христијан Мицкоски стана лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Ова е дел од интервјуто на Митко Јанчев за емисијата Во Центар која се емиситува на youtube Vasko каналот Eftov.

Повеќе може да погледнете на следниот линк: