Пред изборите на мобилен ми се јави Орце Камчев. Ми рече дека е во Зелениково со Александар Пандов, сега прв човек на Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ, и со рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Камчев побара од мене да пренесам две пораки. Едната до Вице Заев, а втората до Сашо Мијалков. Му реков: Ги имаш нивните броеви и можеш сам да им се јавиш.

Ова во интервјуто за емисијата Во Центар која се емитува вечерва ( недела ) во 22 часор, на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави актуелниот градоначалник на Кавадарци и поранешен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев.

Јанчев потврди дека во мандатот на владата на ВМРО ДПМНЕ, во барот Сушико во центарот на Скопје, бил “убедуван” од Камчев и првиот човек на Пелистерка да им ја продаде компанијата Кожуфчанка. Јас тоа го одбив вели Јанчев и оттогаш односите ни се такви какви што се.

Инаку во периодот на владеење на ВМРО ДПМНЕ, од 2006 до 2017 година, Камчев, Панделевски и Самсоненко имаат “купено” повеќе компании во Македонија, како што е Здравје од Радово и слично на тоа.

Во интервјуто Јанчев ја најави своја кандидатура за лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Ќе се кандидирам за лидер на ВМРО ДПМНЕ на непосредни избори кога целото членство на партијата ќе биде во состојба демократски да гласа и да го избере новиот лидер. Мене не ми се потребни конгреси во Валандово, јас сакам целото членство да може да каже дали ја заслужувам довербата да дојдам на чело на партијата, вели тој.