Порашниот заменик генерален секретар на ВМРО ДПММЕ и дел на т.н. реформатори во партијата, Петар Богојески упати неколку прашања до сегашното раководство на партијата во врска со случајот плацеви на Водно.

Во врска со тој случај, кумот на поранешниот лидер на партијата, Ристо Новачовски заврши во притвор во траење од 30 дена. Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција го сомничи за сторено кривичното дело Перење пари и други приноси.

Истото Обвинителството го сомничи Груевски за 1,3 милиони евра. Наводно, во периодот од 2006 до 2012 година, партиските пари од донации наместо да ги става во касата на партијата ги ставал на сметки на оф шор компании. Сега Груевски се сомничи дека од тие пари за себе си купил градежна парцела од 11 илјади метри квадратни на Водно.

Богојески сега прашува зошто партијата не покрене истрага и не си ги бара парите назад?

Постојат само две причини, зошто ВМРО ДПМНЕ не си ги бара назад парите кои Груевски, според ОЈО, си ги земал од партиската каса, вели Богојески.

Според него: Или ВМРО ДПМНЕ нема потекло за толку пари или не смеат да му писнат на Никола? Двете причини не се исклучуваат една со друга!

Во својот фејсбук статус Богојески, кој важи за еден од најжестоките критичари на Груевски, јавно ја поставува дилемата:

Која е разликата помеѓу екипата на Мицкоски со онаа на барателите на вонреден Конгрес? Ниту едните, ниту другите не смеат збор да му преречат на Никола, па камо ли да ги побараат парите назад во партијата!

Според Богојески: Тоа е најдобра потврда дека станува збор за иста екипа и исто поведение, потчинети на Груевски и минатото!

Во реакцијата до порталот 360, од ВМРО ДПМНЕ во врска со овој случај коментираат:

Не може Русковска, која чувствува лутина, анксиозност и нетрпение кон ВМРО-ДПМНЕ, како што пишува и во докторски наод, да биде непристрасна во какви било случаи поврзани со партијата или со лица од партијата.

Што ќе рече за партијата Русковска е “малку нервозна” ама нема проневера на пари во партиската каса. И дека партијата не е заинтересирана за внатре партиска истрага што е со тие 1,3 милиони евра!?

Богојевски смета дека редоследот на потезите треба да биде сосема поинаков.

Јас да бев лидер на ВМРО ДПМНЕ, вели тој, прво ќе побарав јавно да се направи независна истрага за потекло на парите и за начинот на кој Груевски си ги “позајмил”, а потоа ќе го тужев за направена кражба и штета од 1.300.000 € на ВМРО ДПМНЕ!

Така најдобро се “дегруевизира” таа партија, пишува Богојески во својот фејсбук статус!