Вирусологот од Институтот Гамалеја, Виктор Зујев, очекува состојбата во врска со вирусот корона да се стабилизира до следното лето.

Според него, вирусите САРС-Ков-2 „се плашат од топлина“.

Професор од Институтот што ја произведе првата руска вакцина против вирусот корона вели дека „ќе има значителни подобрувања“ во јули идната година.

“Построгото почитување на мерките, пред се носењето маски, и вакцинациите исто така ќе придонесат за опаѓање на болеста“, рече Зујев.

Тој исто така изјави дека се поголем е бројот на оние кои се заразиле со вирусот и оние кои се заразиле без симптоми.

Тоа, посочува тој, придонесува за колективниот имунитет, кој треба да достигне 60 проценти за вирусот да започне да ја губи битката.