Од моментот кога влезе во модната индустрија, Ешли Греам се обидуваше да ги сруши сите стигми врзани за женското тело, во тоа успеа и продолжи отворено да зборува за „body positivity“.

Манекенката која годинава стана мајка, на својот Инстаграм профил сподели гола фотографија славејќи го нејзиното „големо, силно, убаво тело“.

Греам сподели фотографија на која позира гола пред огледало, под фотографијата само напиша – „Голо големо девојче“.

Имаше секакви коментари, како и секогаш. Еден нејзин обожавател напиша  „Мразам што на ова се гледа како на „голема девојка“, не гледам ништо освен убава, природно заоблена жена… супер секси и женствено“.