Дали популарноста на Димитар Апасиев кај десничарското радикално тело се должи на Синиша Алексовски, екс разузнавачот од Агенцијата за разузнавање во мандатот на Ѓорѓе Иванов, прашува и анализира новинарката Јорданка Ивановска Јоци во пост на својот фејсбук профил!

Долго време Синиша Алексовски беше човек од сенка, се до 27 април 2017 година и влегувањето на српскиот агент Горан Живаљевиќ во Собранието. Тој беше директор од сенка во Агенцијата за разузнавање во времето на Иванов, беше советник за безбедност од сенка на Иванов и беше ментор на екс министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев.

Сега Алексовски преку систем на лажни профили спроведува фејк њуз кампања на твитер. Негов нов пулен станува Димитар Апасиев од Левица.

Кој е Апасиев без Синиша Алексовски, предводник на проруската линија во ВМРО-ДПМНЕ, прашува Ивановска? Дали тој му ја осмисли цела кариера на момчето од Велес со црни кошули и му ја стави на тацна целата своја бот виртуелна мрежа за да го ,,бустира” во етерот, а со тоа му подари два мандати во Собрание, пишува таа на фејсбук.

Според Ивановска, Апасиев пред три години на Телма, се уште восприман од јавноста како дел од шарената револуција, велеше дека Груевски е криминалец, стегнат од Западот за да учествува во промена на името, кој на крај ќе ја уништи ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2020, истиот Апасиев, веќе не го споменува често или речиси воопшто не го кажува името на Груевски, не го посочува како виновник за промена на ,,името”, бидејќи екс лидерот е икона на вмровците, кои се осетливи на таа тема. Апасиев не ги потсетува кој е Груевски, криминалец кој го стегна Западот, пишува Ивановска.

Реториката ја смени и собра гласови токму од поддржувачите и идолопоклониците на истиот тој Никола, чиј пулен е и Синиша, вели таа.

Според неа, вмровското членство уште не сфаќа дека Левица скапо ќе ја чини нивната партија.

Тие два мандата на Левица, ВМРО-ДПМНЕ го чинеа формирање Влада. Накратко кажано, партијата – сателит, осмислена да украде леви гласови, на крај се сврте против креаторите и украде десни и вмровци ги чинеше Влада, објаснува Ивановска.

За тоа време, додека во најголем дел, десните гласови експресно се прелеваат во Левица – Мицкоски, не знае што да прави со себе, коментира Ивановска. Немо набљудува како гигант- партијата се распаѓа, пука, се крши, но тоа мало синче на тато се држи на тронот со последни сили, со еден нокот кој се крши, дури и кога го напуштаат пратеници, Игор Дурловски, Илчо Захариев не сакал да ,,трча” за градоначалник на Штип.

Мицкоски го оцрнуваат и оние кои скапуваат по затвори за ,,27 април”.

Според Ивановска: Мозок кој и Мицкоски го контролира е истиот Синиша Алексовски, како што посочи Петар Богојески во емисијата ,,Во центар”.

Во својата мини анализа на фејсбук, новинарката Јорданка Ивановска Јоци заклучува: За тронот во ВМРО-ДПМНЕ, во моментов, се борат две струи – проруска и прозападна.

Вторите се на чекор да влезат и да направат целосни реформи во корист на партијата и формирање Влада. Во тој ,,филм” сега-засега не влегуваат Алексовски и Левица, како проруски фанови.

Прашањето е – дали Синиша, споменат во сведочење за ,,27 април” како оперативец, навистина го создаде Апасиев или само му е ментор? И дали оној кој го создаде ќе мора и да го уништи на политичката карта, еден ден, за доброто на ВМРО-ДПМНЕ?Како ќе им кажат на гласачите дека не треба да гласаат за Апасиев!? Вмровци си знаат најдобро.

Апасиев, во моментов, како што кажа во емисијата – е во филм дека ќе трае.
Така мислеа и Циле, и Тито Петковски…
Само Павле Трајанов, како екс цајкан, е вечен, вели Јорданка Ивановска Јоци.