Пред половина час министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави на својот фејсбук профил дека е позитивен на ковид-19.

Како што пишува Спасовски тој има лесна клиничка слика.

Инаку, пред неколку месеци, Оливер Спасовски заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, присуствуваа на заеднички настан со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој само еден ден после тоа беше поизитивен на тестот. Тогаш Спасовски и Филипче беа тестирани за ковид-19 и тестовите им беа негативни.

Еве што напиша Спасовски на фејсбук:

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се.

This image has an empty alt attribute; its file name is ole.png